ШТО Е ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

image

Постојаниот напредок на општеството е условен со забрзан развој на современи технологии што доведува до се поголемо производство и употреба на различни електрични и електронски уреди и опрема без кои секојдневниот живот не може да се замисли.

Електрична и електронска опрема и уреди ( EE -опрема) претставуваат сите производи кои за својата правилна работа во потполност зависат од електрична енергија или елекромагнетни полиња како и опрема за производство, пренос и мерење на струјата или за мерење на јачина на електромагнетни полиња и е наменета за користење при напон кој не е поголем од 1.000V за наизменична и 1.500V за еднонасочна струја и не ја вклучува амбалажата. Кога од било кои причини оваа ЕЕ опрема стане неупотреблива се претвара во ЕЕ отпад за кој треба да се погрижиме.

Електричен и електронски отпад (EE отпад) е отпадната електрична и електронска опрема вклучувајки ги склопките и составните делови, кои настануваат во стопанството (индустрија, обработка и др.), електронски отпад од домаќинства, односно отпадна електрична и електронска опрема настаната во домаќинствата или во производно/ услужни дејности кога по врста и количина е слична на ЕЕ отпадот од домаќинства.

Електричен и електронски отпад има карактер на опасен отпад и према Законот за управување со отпад неможе да се меша со други типови на отпад. Електричен и електронски отпад содржи отровни и многу често канцерогени супстанци, па заради тоа е многу опасен за човековото здравје , животната средина и нашата планета.

Затоа е потребно со ЕЕ отпадот да се ракува правилно и да неговата постапка за рециклажа биде по пропишаните Законски одредби.

Целта за управувањето со ЕЕ отпадот е успоставување на систем за одвоено собирање на електричниот и електронскиот отпад. Потребно е да се класифицира врз основ на категориите на ЕЕ отпад за негова понатамошна употреба, згрижување и заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Доколку вашата компанија има електрична или електронска опрема ,доволно е само да го пополните апликативниот формулар и го доставите до нас или телефонски да не известите на +389 02 3209 189


Download our company presentation here